ФОЛКЛОР СО КУД”МИРЧЕ АЦЕВ”

Калајџиско оро, Бувчанско, Водарки, Осоговка, Ратовка – Беровка, Драчевка, Тресеница, и сплет игри од Источна Македонија беа дел од богатиот избор на македонски ора одиграни од играорците од КУД “Мирче Ацев” на целовечерниот концерт на плоштадот Александрија во рамките на културното лето. Друштвото веќе 63 години го негува и презентира богатиот македонски фолклор во земјата и во странство.

Loading