На вечерта на млади уметници, прилепските творци ги обединија уметностите. На едно место се чу музика, се слушнаа соло песни, рецитација, се виде ликовна уметност, преку изложбата на слики од Менде Јорданоски. Публиката уживаше во интерпретациите на делата од Властимир Николоски, Бетовен, Шопен, на младиот пијанист Денис Најдоски. Ги слушна соло изведбите на Валерија Николоска, Илија Белистојаноски, Вариса Хајдерпашиќ кои исполнија дела од Николај Римски Корсаков, Јосиф Хетсе, Скаловски, Шуберт, од Тоше Проевски. Одлично се претстави и младиот актер Бобан Алексоски, кој во пијано придржуба на Валерија Николоска рецитираше песни од Геруда, Петре М. Андреески и други македонски и странски поети. Вечерта на млади уметници се реализираше вторпат на прилепското културно лето и ќе стане традиционална.