ЕДУКАТИВНО ПЛАНИНАРЕЊЕ И “ТУШ” – ВОДОПАДИ

 

 

Охридски Плаошник не ги исплаши планинарите од ПД “Козјак”. Воодушевени од богатството, но разочарани од нехигиената. Планинарите, кои редовно освојувале врвови, на кои пешачењето до Скопје им било вообичаена работа, иако поретко, имале и вакви тури. Прошетките се едукативни. Научивме од предавањето за значењето на историскиот споменик. Обично шетаме да уживаме, да се одмараме и восхитуваме, а не да се заморуваме – рече Илија Спиркоски, планинар. Охрид е богат и со туристи. Но, 30-тината вљубеници на прошетките и истражувачи на “животот” овојпат, преку прозорец од автобус, ја допреле и убавината на Галичица.

Под тивкиот шум на Брегалничките водопади, планинарите од “Картуш”, логорувале на Рамна нива, седум километри од Берово, во низина, по течението на река Брегалница. Малите водопади побудиле воздишки, а од звукот на падот на водата низ карпите, се спие како бебе. Освежени, со нови сили, се качиле и на највисоката источна точка – Ченги кале. Притоките на Брегалничка, средената патека, 20- тина настрешници со огниште, пластични чаши, вреќи за ѓубре ги

 изненадила прилепските планинари… Жителите имаат сенс за чистота. Кога тоа ќе се зачини со борова и листопадна вегетација, се добива одличен “вкус и мирис”. Дискутабилно е зошто до Прилеп не допира посилно до еколошката свест. Па, и уникатно и поубаво – забележува Ристо Димоски, претседателот наЕПД “Картуш”, за еколошкото право кое припаѓа на природата секаде, па и во прилепската околина. Планинарите од “Јане Сандански” биле дел од 10 – тите меѓународни средби во планината на Беласица. Планинари од Источна Македонија, Бугарија, по покана на ПД “Ентузијаст” од Струмица со нозе го “дофатиле” врвот Тумба, освојувајќи 1881 метри надморска височина. За жал, соседите од Грција – вљубеници на алпинизмот, не ги почестиле со своја придружба. Како лани, не се исполни мисијата “Балкан без граници”. Немаше Грци – забележа Кромидоски, претседател на “Јане Сандански”. Наредната прошетка ќе биде кон пелистерските убавини и уникатноста на Кораб.

 

 

 

 

Loading