БРЕЗОВАЦ ЈА ИНТЕНЗИВИРА АНТИЦА

Театар

По успешниот настап на “Охридско лето” со “Кавкаскиот круг со креда” во режија на Мартин Кочовски и по годишниот одмор, во прилепскиот театар под режисерската палка на хрватскиот режисер Бранко Брезовец се интензивираат подготовките на претставата што се реализира според текстот “Антица”, која премиерно ќе биде прикажана кон крајот на септември. Брезовец вели дека ова е втора битова драма по “Печалбари” од пред 10 години. Одлично одат подготовките. Задоволство е да се работи во театар полн со актерска енергија. Текстот е епопеја, адаптиран според нашите потреби. Претставата ќе биде хибрид меѓу опера, оперета и мјузикл. Ќе има игра низ рецитал, некогаш ќе се пее. Актерите ќе имаат слобода. Ќе имаме динамична музика што ја сработи Марјан Нечак – вели режисерот Брезовец, кој првпат режира во прилепскиот театар. “Антица” досега е играна трипати во театарот. Ова е четврта поставка според текст од Ристо Крле.

Loading