ПИВАРНИЦАТА ДА ОСТАНЕ СПОНЗОР НА ЗЛАТЕН ДАБ!

Машкиот ракометен суперлигаш Златен даб тргна со подготовки, 15 дена подоцна. Над 15 ракометари со новиот Гоце Макалоски, се нафатија на тренинзи, по убедување од тренерот Миле Нешкоски со помошникот Боро Шокоски.

Во клубот не објавуваат ништо за спонзорирање. Се најави дека Пиварницата заминува и ќе ја наследи фирма од Скопје. Тоа не се случи.

– Ракометот е скромен со помалку вложувања, Можеме да се оддолжиме со игри и резултати – порачуваат од клубот, кој не го менува името – Златен даб

Loading