ДЕРБИ МЛЕКАР – ВИКТОРИЈА

Трета лига

Новоформираниот клуб, ФК Викторија, по генералката со 5-0 против Корзо, в недела (10 ч.) дебитира во Третата лига – Југ. Требаше да гостува на Млекар во Мало Коњари, но поради проблем со теренот, мечот е во Големо Коњари. Ќе играат млади фудбалери. Вреди да се видат голманот Дејан Апостоловски, полушпицот Петар Љамчевски, двајцата од Пелистер, искусниот Бекташ Јусуфоски, плејмејкерот Христијан Петрески – Кико со “бомби” од далечина, супер брзите, Александар Зојчески и Дејан Здравески, кој има прекар “Брзи” . Останати од 1. коло: Младост К. – Кожуф, Корзо – Г. Коњари, Бабуна М. Велес – Партизан О.

Loading