ЖИТО ПРИЛЕП СО СМИРЕНА АЊА АНДЕРСЕН

Ракомет: Максимум доверба во тренер – жена

Женскиот ракометен суперлигаш Жито Прилеп е редок пример, со тренер – жена, Жане Дисоска, која од пролетоска е на кормилото. Во управата доминираат мажи, а на клупата и на теренот ред поставува понежен пол. Природно е што сум тренер, после долгата играчка кариера и стручното усовршување. Не е чудно. Имам разбирање од сите во клубот – задоволна е Жане Дисоска. Ја споредуваат со легендарната Данка, Ања Андерсен, која беше трикратен европски шампион со Слагелсе. До успесите дојде со команди од клупата. Знаеше да повлече потег, а и скандал со противници или судии. Различни сме. Таа е темпераментна, а јас многу посмирена – свој стил на водење на екипата – вели Дисоска. Точно 19 првотимки се на располагање. Се тренира двапати дневно. Девојките се дисциплинирани. Напорно се спроведуваат задачите. Од вечерва, дома против Кале, почнуваме контроли. Ќе имаме висок пласман – истакнува Дисоска. Во клубот следат детално. Управата е бројна особено навечер. Веруваме во играчките и во тренерот. Дисоска беспрекорно ја извршува обврската и без помошник – сметаат во клубот. Со младинките работат Рубин Седлоски и Горан Ангелески.

Loading