ОСЛАБЕНИ – ДОВОЛНО ШЕСТИ

Шах

Шаховскиот тим на ШК Прилеп со три бода и 15 поени го освои шестото место, доволно за опстанок, меѓу осум екипи на државното првенство во Струга. Го совлада последното Куманово, ремизираше со скопски Бизнис милениум, а останатите пет меча ги загуби. Настапија Тони Кироски, Славе Трајкоски, Дејан Ѓорѓиески, Горан Готовуша, Кире Николоски и Марјан Дамчески. Имавме финансиски проблеми, плус ослабени без Роберт Велески во Кисела Вода. Сите други екипи се засилија со странци. Немавме и спортска среќа. Сé на сé, пласманот е добар – оцени Славе Трајкоски, највозрасниот од ШК Прилеп.

Loading