ЛИЛЈАНА ИЛИЕСКА ЌЕ ЈА ТОКМИ УБАВИНАТА СО ИТАЛИЈАНКИ

Прилепска студентка модел на Мис во Италија

На први септември прилепската манекенка Лилјана Илиеска својата убавина, шарм, става и “глава” ќе ги искаже на медитерански, интернационален избор на Мис на Италија. Илиеска е најубава прилепска мома, на медитеранскиот избор на “Miss Adrijatic на Evropa”, одржан во Хрватаска. Меѓу 15 српски, хрватски убавици, како и Италијанки, Босанки, Полјакињи и Чехинки, стамено ја долови убавината, од Бог дадена и негувана. Милиот поглед ги стопил срцата на “оценувачите”. Слатката насмевка им ги скротила погледите. Со фигура, став и достоинство ја освоила единственоста на гласовите на жирито. Покрај неа, прва придружничка била Црногорката Нина Станичиќ, а Јелена Катарина Капа – втора. Со крената глава, првпат зачекорила на Економскиот факултет во Прилеп. И таму треба да оправда круничка на главата. Ме наговори и ме пријави минатогодишната убавица Даниела Мијатовиќ да ја покажам убавината. Ги освоив круните, титулите – Мин марина фрапе и Мис адриатик и бугарската – Мис самер – изјави Лилјана. Свесна за убавината, рефлектирана преку надворешниот изглед, а се уште е слободна како птица, не е дел ниту од “имотот” од ниту една модна агенција, иако соработувала со повеќе.

Loading