НАЈСТАРА УРБАНА НАСЕЛБА – БОНЧЕЈЦА

Постарите велат дека Бончејца е првата урбана, ако не и најстара стамбена населба. Изградена е пред 50-тите години. Со еднолични неколкукатници, со ситни прозорчиња на светларниците и две-трисобни станови е сместена меѓу улицитеа Будимаш и Булеварот. Комплексот е во близина на железничката пруга кон Битола. Пред зградите, кутиените “картонски” гаражи полека се обновуваат, се отстрануваат или заменуваат со деловни објекти. Испарија бавчите, каде станарите садеа по нешто, колку “за лек и век”. “Азган маж” бил планерот на канализација. Кога врне, улицата се претвора во река со матна каллива вода до колена. Слеана одсекаде, поради падот и ниското водоврично место. Луѓе и автомобили “се дават” во вода. Некогашното широко зелено поле, помеѓу зградите и магацините од Центропромет, се проширува со приватни куќи. Станарите поодговорно кон својот двор. А за зградите комплетно “боило и црвило”. За здраво тело и здрав и ведар дух.

Loading