Прилепски мајтапења
За мајтапчиите и нивните чешитлаци се знае уште од дамнина, кога излегол муабетот дека мајмун не игра во Прилеп. Во храмот за драпачки ми се причини по зборот дека има и еден пензионер од Охридско, Струшко, населен во Прилеп.
Се штутка, се вртка, се дума, како да крои, како да им влезе во муабетот на чешитчиите. Да каже нешто, а се го фаќа страв да не биде одбиен.
Очиклените пензионери насети дека има „крт”, како што се вели сега модерно.
– Шона, гласно се праша, шо џаол че е чоеков? Шо сака нека биди, не че ми ги извај очиве или душава – го праша.
– Абе, пријателе, а душко, ко да не си наш, а?
– Одовде сум, ама доселен со годиње. Од западна Македонија. А, откај ми го знајш имево, а, не ми пишуа на чело?
– Те сетив по табието. Се врколкаш, чутиш, а името не ти го знам. Овдеа им велиме душко, на тие шо не знајме како се викат, сите носиме душа, ебаго.
– Сакам, ко шо велите вие, да кажа еден чешит. Незна дали ќе ми дозвола Рампо и Цане, а шо велиш?
– Ако не можело, баго.Ако е сранско, че е супер.
– Цане, дојди да се видиш со сранецов. По потекло ти бил од Западнана Македонија. Сака да кажи некој чешит, свика овдешниот пензионер.
– Ако е од Западнава, арно, ама да не е од Јужнава. Че треба да го прашаме Рампа, тој е по политичкиве нерешени прашања.
– Рампо: -Кој да е, од каде и да е, добредојден е Цане, лујџе. Ако зборува македонски, нека почни, оти за другиве јазици немаме преведувачи.
– Ако сум од Западнана, не сум странец. Нашинец сум, зборов ми ет македонски!
-Е, ако е така, мииир лујџеее…!
-Нашите дамнешни предедовци маката ги научила да прават боза, сладолед, слатки рабојче и потквасувале млеко. Одале на печалба по светот, а идале и овде во Прилепов. Првиот од ними шо дошол во Прилеп се викал Тофил. Од шо бил добар мајстор, прилепчани дури му дале изим и кујча да си напрај, ко шо велите, ами како.
– Абе, чоек, ај не должија, сме слушале за Тофила.
– Први шо му дошле на праго од слаткарницана биле даскалот со даскалицата од градов.
– Даскале, да ти го тура или да ти го гргна бокалов со боиза, а, го прашал Тофил?
– Гргни ми го Тофиле, ко џа сум жеден, рекол даскалот.
– А, на даскалицава да и го турам или да и го гргнам, а даскале?
– И, шо рекол даскалот, а душко, свикаја од првите редови?
– Абе прилепчанец, пак прилепчанец, овде се родил и овде ќе останет мајтапот. Се сетил даскалот оти муабетот можит да се извртит, па му рекол: – Тофиле, на даскалицава едно слатко, а за турањето и гргнувајњето, вечер че ја прашам, ебаго.
ДДБ