ГАЛИЧИЦА ПОГАЛИ ПЛАНИНАРИ

“Ако денот се познава по утрото, овој ќе биде пеколен” – забележале ентузијастите на ПД “Јане Санданските”. Тоа би му ја “отежнувало” работата само на Тале. Снимателот, кој со камера ги бележи споменките од авантурата до Охрид. Селото Лескоец ги пречекало широкоградо. А Галичица им ја погалила и смирила душата во црквата Успетие на “Св. Богородица”- од 14 век, обновена 19 век. Стуткана како гнездо од орел над селото Скребатно на девет километри кривулест тесен пат. Го нема лаењето на кучињата, ги нема жителите. А куќи пред распаѓање. Од видикот застана здивот. Црквата е камена градба со модерно уреден трем со дрвени маси и клупи. Пред неа сувенири, а во внатре зрачи раскошниот иконостас. Фрески и икони во интензивни бои. Раселените скребатинци ја обновиле и светнале како срча. Скари, спортски игралишта… Во близина ладна изворска вода под столетен даб – забележале планинарите. На 28 август, за “Голема Богородица” се готви за четири-пет илјади гости и се дегустира храна од земјени садови, со дрвени лајци, подмачкано со ракија “препечена” од анасон и слива, карактеристична за тој крај. За црквата, со многу сувенири, има и веб страница.

Loading