СПОМЕНИ ЗА 15 ИЛЈАДИ ГЛЕДАЧИ

Беласица – звучен гостин

Струмичка Беласица е почитуван и омилен гостин во Прилеп од две причини. Во прилепскиот дрес оставија белег струмичаните Истатов, Митев, Дрвошанов… Пред три децении, на 24 јуни 1979, одигран е историски меч во републичката лига, пред неверојатни 15 илјади гледачи. За Беласица бранеше Истатов, за Победа играа Т.Тодороски, Глушески, Мечев, Л. Петрески, Сусулески…

Беласица настојува да го врати стариот сјај. Есенва тргна амбициозно кон првото место. Победи во Скопје со Еуромилк, загуби дома од Тиквеш. Тренерот Аце Стојанов очигледно форсира офанзива и најавува иста тактика против 11 Октомври.

Во составот стандардни се голманот Захов, Савевски, Василев, Марков, а најискусни се Роберт Христовски, Васко Ѓорѓиев и поранешниот репрезентативец Дени Масев.

Loading