СО ВЕЛОСИПЕД НА ФУДБАЛ ВО БИТОЛА

Историја

Безбројни се подвизите на прилепските фудбалски љубители. Ни невреме, долг пат или немање превоз, не ги спречувало да појдат на важен меч. Дваесеттите години од минатиот век, во Битола играле домашната ФК Младина – Пелистер и прилепска ФК Југославија. Возот и единствениот автобус се преполниле со навивачи. Тројца млади прилепчани, Борка Конески – Мигачот, со другарите Тане и Гиче, тргнале со велосипеди. Арно ама, имале само еден! И така се кандисале, од пуста љубов кон топката. Се менувавме. Додека еден возеше, двајца трчаа. Стасавме навреме на игралиштето Бела Чешма. На враќањеи се скина гумата, се довлечкавме пешки. Беше тешко, но пресреќни од резултатот, оти им извадовме 1-1 на битолчани, дома – вели Мигачот, кој и сега, на 94 години оди на стадион.

Loading