ДОКУМЕНТАРЕЦ ПОД ОТВОРЕНО НЕБО

Патувачко кино во Прилеп и Витолиште

Под отворено небо, вечерва прилепчани ќе уживаат во креативен документарен филм. Проекцијата е во рамките на вториот дел од Фестивалот за креативен документарен филм “МакеДокс” за промоција на документаристиката во Македонија. Манифестацијата “Патувачкото кино” ќе продолжи утре во Витолиште.

Фестивалот за креативен документарен филм “МакеДокс”, со вториот сегмент, патувачкото кино, нуди силни и автентични документарни пораки и идеи. Стремежот на Патувачкото кино е разбивање на централизираните културни манифестации, нудејќи непосреден начин за консумирање на филмовите на луѓето во малите градови и општини преку проекциите под отворено небо.

Loading