МАРКУКУЛЕ ГИ СИНТЕТИЗИРА УМЕТНОСТИТЕ

Култната карпа “Кај слонот – на тронот” ги синтетизира уметностите. Магичноста на уникатните природни гранитни творби, репрезентативни за Прилеп, Слонот, а над неа Тронот, ги распетлаа творечките души во неповторлив поетски занес, заигра четката во уметничките раце да се “зароби” мигот и неповторливата глетка. Музички звуци го надополнија трепетот на ѕвездите на небото. Над 60 поети, претежно млади, по четври учествуваа на манифестацијата “Поетско Маркукуле 2010”. Градската библиотека, Локалната самоуправа и македонското културно друштво ПЕЛЛА од Словенија направија симбиоза на уметности под Марковите кули со импресивна завршница.

Надминати се локалните рамки со учество на поети цела Македонија. Нашиот сограѓанин, кој живее во Словенија, Љубен Димкароски, почести ексклузивен настап на музика на неандерталски инструмент, стар 60 илјади години. Манифестацијата доби поетска, ликовна и музичка димензија. Покрај поетски стихови, млади ликовни уметници создаваат дела и имаа музички настап… – вели Петар Петрески, директор на Градската библиотека. Рај за срцето, благоста за душата, убост за окото. Така беше на Маркукуле. Инспирацијата е неповторлива, се сликаат уникатните карпи, погледот кон градот – вели Софија Грабул, претседател на ДЛУП. Поетската збирка од ланскиот настап доживеа промоција.

Loading