СТАРТ НА 12 СЕПТЕМВРИ

Општински лиги

            Општинските А и Б – лиги почнуваат на 12 септември и ќе траат до 21 ноември. Ждрепката и состанокот со тимовите се недела претходно во ОФС Прилеп. На 5 септември е бараж мечот Гарван Десово – Пролетер. Победникот е А-лигаш.

            Најавени се нови екипи. Подолго време нема клуб Славеј, од каде излегоа познати фудбалери, како Лазе Петрески, долги години халф на Победа. Некаде се предлага клуб од повеќе села. Во руралните средини нема друг спорт, освен фудбалот.

Loading