МАРТИН ГО ”СУТНА” ЦЕФИО

Тенис

            Градов има тенисери – ветерани, меѓу најдобрите во државава. Мартин Калески е при врвот од ранг листата. Победи на турнирот во Битола, каде учествуваа 16 тенисери.

            – Во финале се судрив со Златко Иваноски – Цефио, порано соиграч во пинг-понгот. Беше тешко, но победив. Му вратив за поразите на пријателските – рече Калески.

            На 22 август можен е реванш, на турнир во градов. Најавена е елитата ветерани од целата земја.

Loading