ГЕНЕРАЛКА ВИКТОРИЈА – КОРЗО

Трета лига

            Третолигашите ги привршуваат со последните тестови. В сабота е генералната проба на Викторија со Корзо. Тимот на Кире Овезоски е ослабен без играчот за врска Давид Ристески и бранителот Мартин Ѓорески, кои се во Холандија.

            – Хендикеп, но наоѓаме алтернативи. Дојде стоперот Виктор Велјаноски. Финишираме сосема подготвени – смета Овезоски.

            Викторија изненади со триумфот над Новаци со 0-2, со Питу Гули играше 2-2 и 2-1. Го освои пехарот ”Црешово топче”. Во средата одигра кај Пелистер во Битола.

            – Супер подготовки. Млади сме, но искусни. Предноста е што сме воиграни, а физички стоиме одлично. Од првиот меч со Млекар, на 22 август, одиме само на победи – порачува Даниел Талески, десен бек на Викторија.

Loading