“ПОЕТСКО МАРКУКУЛЕ 2010”

            Вечерва на култната карпа “Кај слонот на тронот” по четврти пат ќе се одржи традиционалната поетска манифестација “Поетско Маркукуле 2010”. Стихови ќе читаат над 50 поети.

            Годинава манифестацијата ќе прерасне во поетско – ликовно -музичка средба. Ќе се читаат стихови, млади ликовни уметници ќе создаваат ликовни дела, а планиран е и музички дел. Организаторите Градската библиотека, Локалната самоуправа и МКД ,,Пелла,, од Словенија ќе направат спој на уметности.

Loading