БАКАЛ ВОДЕЛ КЛУБ ПРЕД ВОЈНАТА

Историја

            Фудбалот во градов се сакал многу одамна. Бил масовно прифатен уште пред Втората светска војна. Во Варошко маало имало клуб ФК Викторија. Опстојувал од 1934 до 1941 година. Го водел Стојан Бакало. Бил имашлив, обезбедувал сé – од опрема до превоз. Секретар бил Стеван Вренцоски, татко на Живко Вренцоски, кој и денес поседува фотографија со членовите на управата и фудбалерите, облечени во шарени дресови како од Селтик. Клубот се собирал во маалската берберница. Игралиштето било кај Пожарната, на ливада пониска од околината, како в дупка. Се играле само пријателски мечеви, со ривали од градот, а гостувањата биле во Битола и Скопје. Во 1941 година Бугарите го забраниле клубот, а формирале СД Гоце Делчев, бидејќи го сметале свој херој. Играчите од Викторија преминале во СД Гоце Делчев, така што не случајно 1950 година се враќа името на македонска верзија – Победа.

Loading