Извесни се пари за мост со кружен тек кај Табана?     

Локална самоуправа

Локалната самоуправа на Прилеп поднесе неколку проекти до Министерството за локална самоуправа, кои се од особено значење за развојот на нашиот град. Се очекува да бидат поддржани од Владата. Проектите се дел од визијата за подобра инфраструктура и развој на општината.

Според градоначалникот Борче Јовчески, средства се бараат за изградба на кружен тек на ул. “11-ти Октомври”, “Кеј 9-ти Септември” и улица “Кеј 1-ви Мај” (мост Табана). Потоа за градба на дел од ул. “Победа”, од крстосницата со ул. “Александар Македонски” до крстосницата со улица “Павел Шатев”. Реконструкција на постоечки водоводни линии воцентаротѕ во таканаречената зона Карабдалица. Реконструкција на дел од јавна површина со партерно уредување и поставување на урбана опрема во центарот кај хотел Скопје.

Проектот за кружниот тек Табана датира од 2017 година. Тогашниот градоначалник Марјан Ристески најави дека средствата се обезбедени од Светската банка. За жал, проектот беше откажан од гарнитурата на градоначалникот Илија Јованоски, за кого, според Јовчески, овој проект веројатно беше голем залак. Вредноста во тоа време изнесуваше околу 2 милиони евра, со три години грејс период и рок на отплата од 10 години. Каматата беше енормно ниска и поволна за општината. После завршувањето, општината требаше да добие грант од 500.000 евра за успешно завршување. Така Прилеп ќе добијаше средства за друг капитален проект.

Јовчески потсетува дека сепредвидени и реконструкција на дел од ул. “11-ти Октомври”, на потегот од кружниот тек Солидност до фурната Плетварец.           Кружниот тек Табана беше проектиран со проширување на мостот за комплетно растоварување на сообраќајотод овој дел од градот. Предвидени биле 4 ленти со зелен појас во средината, со ново енергетско ефикасно осветлување, нови тротоарни површини и велосипедски патеки. Градот ќе добиеше комплетна булеварска улица “11-ти Октомври” со решение од влезот кај бензиската пумпа Лук Оил до центарот.

Loading