Гори кај Кокре, Кален и Пештани

Сува трева, грмушки сеуште горат во мариовско, а додека пожарот во близина на Дата центарот е изгаснат, информираат од Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот кај селата Кокре, Кален и Пештани каде гори нискостеблеста вегетација.

Од ЦУК информираат дека во текот на денот, вторник, 03.09.2024 година, до 13:30 часот, има вкупно 8 пожари на отворен простор, од кои активни се 4, под контрола е 2 и изгаснати се 2.

АКТИВНИ: 4

  1. Општина Чашка: Планина Мукос – с.Степанци (под контрола), активен е кај с.Оморани и м.в.Кадиица – с.Ораов Дол (мешана шума);
  2. Општина Прилеп: с.Пештани – с.Кокре – с.Кален – с.Пештани (нискостеблеста вегетација);
  3. Општина Чучер-Сандево: с.Танушевци, м.в.Рамно (мешана шума);
  4. Општина Струга: с.Горно Татеши (стрниште).

ПОД КОНТРОЛА: 2

  1. Општина Штип: с.Хаџи Хамзали – с.Едеклерци – с.Топлик, полигон Криволак (нискостеблеста шума, смреки и сува трева);
  2. Општина Демир Хисар: с.Вардино (исечени дрва за огрев).

ИЗГАСНАТИ: 2

  1. Општина Прилеп: кај Дата центар (ѓубре и сува трева).
  2. Општина Гостивар: с.Дебреше (сува трева)

Граѓаните кои имаат потекло од мариовско, тврдат дека огнот во Кокре може да ја зафати и црквата.

Loading