ФАТЕНА ПРИЛЕПЧАНКА ЗА ИЗДРЖУВАЊЕ ЗАТВОРСКА КАЗНА

Лишено е од слобода лице барано со потерница за казна затвор од три години, информираат од СВР Битола.

Таа била барана по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Прилеп за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.

На 05.08.2024 во 12.55 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп привеле прилепчанка на 37 годишна возраст.

Била спроведена во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Loading