23 ГОДИНИ ОД КАРПАЛАК

Со полагање цвеќиња на спомен обележјето во касарната “Мирче Ацев” и во с. Лениште, утревечер 7 август, ќе започнат активностите за одбележувањето на 23 годишнината од Карпалак, кога на осми август 2001 година загинаа 10 прилепски резервисти.

Животот го загубија Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Веби Рушидоски, Горан Миноски, Ердован Шабаноски, Дарко Велјаноски, Љубе Груески, Пецо Секулоски и Марко Деспотоски.
Чествувањата продолжуваат на 8 август на месноста Карпалак и пред спомен обележјето во 13ч во центарот на Прилеп.

Loading