АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Штанцање дипломи не е високо образование.

*

Кога ќе се препознаат во напишаното нека не се лутат на авторот.

*

Светот  не смее да биде поле за никаков натпревар на фолирантите.

*

Не знае ниту еден странски јазик, ама знае да се вмеша како коавтор.

*

Идентитетската е најстрашна од сите видови смрт.

*

“Топ не ги бие” сеуште оние што им е главно мото “ не се расправаат со другите”.

*

Трагите се покриваат со “ти мене војводо, јас тебе сердаре”.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading