Штанцање дипломи не е високо образование.
*
Кога ќе се препознаат во напишаното нека не се лутат на авторот.
*
Светот не смее да биде поле за никаков натпревар на фолирантите.
*
Не знае ниту еден странски јазик, ама знае да се вмеша како коавтор.
*
Идентитетската е најстрашна од сите видови смрт.
*
“Топ не ги бие” сеуште оние што им е главно мото “ не се расправаат со другите”.
*
Трагите се покриваат со “ти мене војводо, јас тебе сердаре”.
“Д-р Хаџи-Васков”