Вакавска земја е насловот на нова книга од Драган Брајановски. На околу 200 страници авторот објавува поезија, белешки, пишува за битолско демирхисарските прекари, пренесува пцости и кавги, а на последните страници толкувања на сонови и гледање на кафе.
Брајановски од рана возраст пишува, претежно љубовна лирика, херојска патриотска поезија, со сугестивен израз и возвишена инспирација. Со голем излив на емоција е неговата лирика за татковината и прогресот.
Автор е на повеќе книги, пишува хаику поезија и добитник е на повеќе награди и признанија.