ПРИЛЕПСКО КРИЛО ВО ИЗВРШНАТА ВЛАСТ

ДВАЈЦАТА СОГРАЃАНИ РИСТЕСКИ И ЛАШКОСКА – ЗАМЕНИЦИ МИНИСТРИ

Меѓу 20 те заменици министри во Владата, на функција стапија и двајца прилепчани откако пратениците во Собранието дадоа зелено светло. Поранешниот градочаналник Марјан Ристески и доскорешната пратеничка Ана Лашкоска се прилепското крило во извршната власт.

 Марјан Ристески е заменик на министерот во Министерството за економија и труд. Тој е дипломиран економист, од 2005 до 2017 година беше гадоначалник на општината Прилеп. Добитник е на неколку меѓународни и домашни признанија.

За заменик на министерот во Министерството за животна средина и просторно планирање е изгласана Ане Лашкоска која дипломирала на Природно математичкиот факултет во Скопје и се здобила со титулата инженер по хемија. Лашкоска беше долги години пратеник во македонското собрание.

Должноста заменик министер за животна средина и просторно планирање, Лашкоска ја презеде од досегашната заменик министерка Христина Оџаклиеска.

Ристески пак, пак ја остварив првата работна средба со министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, на која разговарале за начелата на работа и главните приоритети во наредниот период.

– Не чека многу работа, наша заедничка цел е силна македонска економијата преку засилување на капацитетите на компаниите, поддршка на младите, како и воспоставување на транспарентен и фер социјален дијалог помеѓу бизнис секторот и вработените – напиша Ристески на Фејсбук

ЕМИЛ ЈАНЕСКИ –  в.д. ДИРЕКТОР НА ЗАТВОРОТ

Владата на редовната  седница донесе повеќе одлуки и решенија за именување повеќе директори. Емил Јанески на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. директор на КПД Прилеп.

Loading