Облога од глина против болки во грбот и нозе

Болките во грбот и нозете може да се отстранат за сеум дена со една рака сина глина замесена како леб со оцет. А, ако е многу силно, се додава малку вода. Се додаваат неколку врвови коприва, иситнети на парчиња. Кога смесата е готова, се става на најлон и крпа. Болното место се мачка со маслиново масло, па се става облогата. Третманот трае седум дена и болката поминува.

Глината има лековити својства. Ги поттикнува одбранбените механизми на организмот. На пример, болните и повредени животни сами го “закопуваат” болното место во земја која содржи глина.

Секој возрасен барем еднаш почувствувал болка во грбот. Наместо мирување, телото треба да се активира. Одмор се препорачува за акутни болки во грбот до 48 часа, а подолго се предизвикува контра ефект. Мускулите стануваат неактивни и се доведува до нивно слабеење, дури и згрутчување на крвта во вените на нозете.

Значи, нужно е редовно движење.

Постојат различни природни лекови за ублажување, па дури и целосно ја смируваат болката. Добредојдени се масажата со лековити масти.Глината е еден од најдобрите природни смирувачки лекови за болка во грбот. Влијае на болките во зглобовите. Богата е со минерални соли, како алуминиум, калиум, натриум, цинк, бакар, сребро, олово и магнезиум.

Смоквите, кајсиите и сливите во сушена форма се голема помош против болките во грб. Го регенерираат ткивото и рбетот го прават посилен и поздрав. За чај се потребни 5 суви сливи, 1 сува смоква и 1 сува кајсија, 200 мл врела вода. Се остават два часа поклопено, а потоа се цедат и се пие овој вкусен напиток. Плодовите се јадат.

Loading