Изложбата за Ченто пред Участакот

По повод 80 години од одржувањето на АСНОМ и 67 години од смртта на првиот претседател на президиумот на првото заседание на АСНОМ Методија Адонов Ченто, пред меморијалниот музеј  11 ти Окомври, на отворено, беше поставена изложбата – “Ченто, биографија низ фотографијa” од авторот Рубинчо Белчески, советник историчар од Завод и музеј.

Изложба предизвика голем интерес. Досега беше претставена во 25 градови во Македонија, а прилепчани беа запознаени со револуционерниот и творечки живот на Ченто.

– Изложбата ја поставивме на местото каде прилепските борци го започнале народното востание на македонскиот народ, преку кое е стекната државноста на Македонија, за која Ченто се бореше и ништо не го српечи во неговата цел – вели Белчески.

Loading