ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈОВЧЕСКИ СО ПОЧИТ КОН ЧЕНТО

На 24 јули се навршија 67 години од смртта на првиот претседател на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто кој со своите дела се избори за македонската држава. Почит пред споменикот оддадоја бројни делегации предводени од градоначалникот Борче Јовчески.

– Воден од идејата за слободна и независна Македонија успеал во своите намери и оставил траен белег во нашата историја. Ја користам оваа прилика да изразам поддршка за Јане Ченто и за неговото семејство. Јане е неправедно осуден борејќи се да ја заштити Македонија, но сигурен сум дека во најскоро време правдата ќе излезе на виделина – изјави градоначалникот Борче Јовчески.

Тој потсети на познатата изјава на Методија Андонов – Ченто – „Верував во сѐ, но не верував дека мои ќе ми судат за Македонија!”.

Loading