ВОЗАЧ НА “БМВ” ПОВЛЕКОЛ 2 ПОЛИЦАЈЦИ КОИ ГО ЗАПРЕЛЕ

Возачот кој го запреле двајцата полицајци, го стартувал возилото и ги свлечкал, нанесувајќи им телесни повреди.

На 12.07.2024 околу 16.00 часот во Прилеп, на крстосница на ул. „Прилепски бранители“ и булевар „Гоце Делчев“ полициски службеници запреле патничко моторно возило  „бмв” со прилепски регистарски ознаки, но кога се приближиле до возилото, возачот го стартувал возилото и при тоа ги повлекол двајцата полициски службеници, при што им нанел телесни повреди, информираат од СВР Битола.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Loading