ПАВЛЕСКИ ТРЕТ ВО МАКЕДОНИЈА

Шах

Во Струмица се одржаа првенствата на Македонија за млади шахисти. Во категоријата до 16 години одличен настап имаше членот на клубот Прилеп Никола Павлески. Доживеа само еден пораз и трипати ремизира,  а четирипати победи. На конечната табела, меѓу 19 учесници, е на третото место со 5,5 поени, колку што имаат погорепласираните Ефе Ибраимов и Михаел Барнс, како и четвртиот Кирил Николовски од Мултиесенс Скопје.

Во групата до 8 години четвртото место меѓу 11 шахисти го освои Андреј Печијарески.

Loading