НУЖЕН Е ГРАВОТ НА ТРПЕЗАТА

Што се случува во телото кога се јаде грав и како влијае на здравјето. Нутриционистите откриваат како се спречува подуеноста предизвикана од грав.

Гравот е омилен во регионот. Најчесто се приготвува како чорбесто вариво и печен во рерна, познат како ,,тавче гравче,,.

Оваа намирница е преполна со влакна и протеини. Долго време држат ситост. Добар извор е на железо, магнезиум и калиум. Содржи отпорен скроб кој поспоро се дигестира како и диеталните влакна. Отпорниот скроб се движи низ дигестивниот тракт и завршува во дебелото црево каде се хранат бактериите. Овој процес е  важен за јакнење на имунолошкиот систем. Има голема количина на сложени шеќери. Телото поспоро ги разградува и се јавуваат гасови. Гравот содржи изобилство од диетални влакна, кои предизвикуваат подуеност и гасови. Ако редовно се јаде, гасовите минуваат сами по себе со времето, бидејќи телото ќе се навикне на варењето.

Да се намали подуеноста, потребно е пред готвењето да отстои во вода од 12 до 24 часа и да се измијат вишокот на шеќери. Одличен е за слабеење, оти има многу протеини и влакна и одржува ситост. Добар е за здравјето на срцето поради високата содржина на влакна и фолати. Влакната ги снижуваат нивоата на гликоза во крвта и крвниот притисок и помагаат во одржувањето на здрава телесна тежина. Фолатите се добри и за нервниот систем. Помагаат во намалувањето на холестеролот. Со секојдневното консумирање на варен грав околу една чаша, холестеролот паѓа за 5 отсто.

Трик против гасови

Потребни се 450 гр грав и 10 чаш вода. Гравот се налева со вода и се става да се готви 3-4 минути. Се трга од рингла и се остава ноќта до приготвувањето без промена на водата во која се готви. Следниот ден се цеди и се мие со ладна вода и се налева нова вода. Проврива уште еден клуч, па и таа вода се цеди и натаму се приготвува по избор. Вака, во водата каде киснел излегуваат до 80 отсто од несварливите шеќери, кои предизвикуваат отежнато варење и подуеност.

Тавче гравче

За вкусно гравче, прстите да се излижат, потребни се 500 гр. грав, главица кромид, 1 праз, 2 лажици доматно пире, цел домат, 2 чешниња лук, сол, црн пипер,  лажица црвен пипер и 60 мл масло. Гравот се потопува во топла вода и се остава да кисне цела ноќ. Утрината се фрла водата, се полни нова и се става да се вари додека зрното целосно да омекне. Најдобро е да се вари на тивко и полека. На масло се пропржува ситно сечкан кромид и праз додека да омекне. Се додава доматен сос и уште малку се динста. Се додава црвен пипер и се трга од огнот. Сварениот грав се цеди и се префрл во керамички или земјен сад, па се прелива со динстаниот зеленчук и се додава ситно сечкан лук. Се меша, се посолува и се доава Дафинка повкус. Се додава малку вода воо која се варел гравот. На површината може да се наредат домат на кругови, па се пече во загреана рерна на 200 степени додека да зарумени и да фати убава коричка.

Loading