Ем здравје, ем вита става со семиња

Семиња се  супер храна полна со здравје за сите возрасти. Манкенките го одржуваат витото тело, а на возрасните го намалуваат холестеролот и ризикот од срцеви заболувања.

Сусамот е главна храна на многу диети. Богат е со цинк, растителни влакна, калциум, магнезиум, железо, па дури и фосфор. Содржат витален холестерол што влијае на падот на притисокот и одржување на здрав црн дроб.

Семките од тиква се превентива од ризикот за рак на простатата кај мажите. Богати се со антиоксиданси за јакнење на  имунолошкиот систем. Содржат цинк и омега – 3 масни киселини и фитостероли.

Чиа семињата доаѓаат од семејството на нане. Тие се мали, но многу моќна храна. Преполни со протеини, влакна и хранливи масла. Богати со антиоксиданси и калциум. Влијаат и на намалување на телесната тежина и за здраво срце.

Лененото семе е најстарата култивирана супер храна. Полно е со омега – 3 масни киселини. Богато е со растителни влакна, витамин Б1, бакар, протеини, цинк, магнезиум и манган. Силно е борбата против срцеви заболувања, намалување на холестеролот и е храна за губење на тежината.

Ким семињата се одлични, оти го подобруваат варењето на храната, ја олеснуваат столицата и се силни во борба против рак. Се конзумираат со  лажичка во чаша вода.

Коноповото семе е најхранливото семе на планетата. Богато е со сварливи протеини, есенцијални масти и витамини од месо, јајца и сирење. Содржи малку шеќер. Помага во губење на тежината, слабата циркулација и лошиот холестерол. Дава енергија и го подобрува имунолошкиот систем.

Loading