ПОБЕДА Е ЕДИНАЕСЕТТА

Футсал

Без одигрување на мечот Победа – Шкендија од 26. коло, заврши првенството на Втората футсал-лига на Македонија. Причина е што тимот од Тетово е казнет од ФФМ и немаше право да настапува. Првенство заврши порано за Победа, тим кој во дебитантската сезона забележа 8 победи, 2 нерешени и 15 порази. Овој спорт и оваа лига беа со натпревари во кои се постигнуваа многу голови. Последниот пораз на Победа е со 19:3 од Каршијака во Скопје, а последната победа од 12:3 во Прилеп со Университи од Тетово. Првак е Проект од Валандово.

Табела: Проект 69, Јувентус 58, Кораби 56, Енхалон и Балкан 39, Каршијака 36, Партизан и Кратово 32, Мал Ајакс 31, Университи 28, Победа 23, Козули 20, Скопје 19, Шкендија 16.

Loading