ТОПЕЊЕ НА МАСТИ СО СУПА   

Заситува, загрева и брзо се губат вишокот на килограми, поради содржината на влакна и ниската калорична вредност. За еден месец се слабее 10 кг.

Накачените празнични килограми, може да се спуштат со супа која може да се зготви во поголема количина и да се складира во помали тегли за чување во фрижидер.

Потребнис е 1 голем кромид, 1 морков, 2-3 стебленца целер, 2 пиперки, жолта и црвена, 1/2 главица зелка, 2 помали домати, 400 мл доматно пире, 2 чешниња лук, сол, мелен црн пипер, магдонос, 1-2 коцки зеленчуков или пилешки булјон. Се запржува кромидот на многу малку масло, а морковот и целерот исечканина коцки. Се полива малку вода и се остава да зоврие, па се додаваат две пиперки сечкани на коцки и сечканата зелка. Се чека да омекне, па уште еднаш се прелива со вода со растворени коцки за супа. Се остава да се вари на ниска температура до омекнување. Во тенџерето се тура доматното пире и се додаваат ренданите домати. После се додава толчен лук и се вари уште 15-20 минути. Кога ќе се излади, малку се пасира со блендер.

Веднаш се јаде една порција, а остатокот се чува во фрижидерот неколку дена.

Loading