ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (234) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Венчавањето на Петрески Томе Бабјак со Старецоска Милица од с. Добрушево во марулската црква во 1958 година

Како што дала изим Јанкоска Ристејца Петра пред нејзиното умирање во зимата истата година со порачка јас сум стара и болна, изим ви давам ако среќа му излезе на некој од моите внуци и внуки за женење или мажење, гледајте си ги вашите стреќи, мене да не ме жалате. Сама осеќам не ќе можам подолго време со животот мој.

Така излезе приликата Томе Бабјак 23 годишно момче на градскиот Велигден по селски речено Голем Петок во Прилеп се ожени бегалка со Старецоска Спасева Милица од с. Добрушево.

Према процентите на родоството на брачниот пар Томе и Милица во Марул двата имат големо родство како Томе по мајка му и по татко му. Исто така, и невестата Милица Томејца по мајка е Ивана повеќе од половина во селото стари деленици кои и денес одржуваат родбински врски, контакти преку законџии и нунчеви и девери, големи и мали. Исто така, Милица преку баба е, мајк ана мајка е, чумовчанка која има потомство на Милица две втори брачеди тоа се Велјаноска Благојојца Мара и Петреска Димитрица Драгица Бабјакоска. Додека Мара и Драгица се меѓу себе први брачеди од брат и сестра.

Од целокупното домаќинство во Марул од 54 куќи само четири домаќинства не му се рода ниту на Томе, ниту на Милица. И тоа Јошески Петре Котески, Мојсоски веле и Ќире Колески, Новачески Димитријоски Јован и Здравески Атанас Чонески, Ванѓел и Мара Бабјакоски. За свадбата бабата Трајкоска Менка Чонеска е куварица кај Бабјаковци.

Нивната венчавка беше одржана две ендели дена пред верскиот празник Духовден. Према религиозните закони млад брачен пар не е дозволено за да влегува во црква и на гробови за да пали свеќи, исто така не смее на починат да му пали свеќа. Венчаните бракови бидуваат примени со благослов во христијанската православна македонска вера. Исчистени од зла, гревови према Бога и верата своја.

Велјановци фамилиите имаат родбинска врска со двете лица младенци, Томе и Милица. Дедо е на Милица, Боне татко на мајка е Ивана и Велјаноски Ристе се трети братучеди по лозата Шијакоска од с. Лопатица, прилепско. Во 1905 година кога Јованоски Анѓеле, татко е на Мара Велјаница, свекрвава се оженил за Атанасоска Стојчева Петра Танеска од Марул Јовчески Ристе Велјаноски му било мало деверче на нивната венчавка во марулската црква Рождество на Богородица. Тој настан се поштува и ден денес како светијонство.

Главни личности при венчавката на Томе и Милица:

1.Нунко Атанасоски Тане Мицески Танески прв брачет од вујко на свекрвата Мара;

2.Старосват Јованоски Димитрија брат на свекрвата Мара;

3.Голем девер Дамјаноски – Мицески Кристов Боне од с. Подмол, во9јнички другар на младоженецот Томе Бабјак;

4.Мало деверче Трајкоски Јованчев Богоја Павелски Јоноски, внук од сестра на свекорот Ванѓел Бабјак;

5.Свештеник Смилевски Ванѓел од с. Добрушево;

6.Притруп Јовчески Трајко Велјаноски;

7.Трајкоска Василица Менка Чонеска;

8.Свирачи од с. Ношпал, Гоце и Мише Вешероски и тапанџија Грујоски Благоја, исто така од с. Ношпал.

Денот недела за венчавката на Томе и Милица беше уште од утрото светол со јасна светлина и топлина. Некаде од прилика кај девет саатот утрото во неделата денот тропна тапанот, се слушан музиката во дворот кај Ванѓел Бабјак. Народот почна да се собира како селските мештани, исто така почна дад оваѓа народ од надворешниот свет. Доваѓаат поканети гости свадбари кај Бабјаковци. Во Подмол Велја има сестра во Штавица, Велјаница има браќа половината мештани од овие две села се бабјакоски род.

Ќерка му Лоринка уште од вечерта фамилијарно од с. Добрушево беШе дојдена. Браќа му на Ванѓел, Аце домазети во селата Маково и Лопатица, прилепско фамилијарно од вечерта беа присутни на свадбата. Имаше присутни гости со мариоска носија уште од вечерта брачеди на Ванѓел од подалечни краеви од Бабјаковци од Крушевица и Дуње.

Со младеж од соседните села како што одминуваше времето така дворот кај Бабјаковци се исполнуваше со народ од младеж. Поред големиот девер Боне Дамјаноски од Подмол дојдоа многу младинци и девојки специјално на веселбата за музиката. За кратко време дворот кај Бабјаковци се наполна со младеш сеирџии на веселбата. Тогаш песните Невесто око калешо и Зајко Кукурајко беа во екот, често преку денот се пееа.

Откако прекрши денот преку дванаесет сато свадбарите ги оставија слугите да ги очистат трпезите од доручекот и мезалокот за кога ќе се вратат од венчавката од црквата да биди почистено во гостинската куќа.

Свадбарите патот за одење в црква го зедоја пато кој оди преку средселото. Свадбарите со младоженците Томе и Милица без поздравени Крстевци, Блажевци (Таневци). Од Бошевци Ценовци и Трајановци или горните Бошевци. Чоневци сите се на свадба. Кога свадбарите преку средселото нагоре по тумбата дојдоја спроти Кулата на бегот Емин која тогаш уште стоеше во куќна имовина на Веле Колески. Свадбарите беа прежекани од Колевци и Ќиревци со големи домаќински поздрави.

Од десната страна спроти Колевци во правецот кон црквата стојат Мурџевци, Цветановци и Јовановци, им даваат поздрав на свадбарите. Браќата Цветан и Јован му се први братучеди на Боне од стрико му Петре Мурџески, браќата Цветан и Јован ја запираат свадбената поворка со насолзени очи.

Засплаканијот Цветан гласно  извика, досега мислев да нашиот Боне е умрен. Не преку неговата внука Милица од ќерка му Ивана, Боне е жив. Тие што му го пратија позивот за да оди војник во огнот никогаш не дојдоја д ани кажат нешто за Боне, само слушаме дека во Вишеград на реката Дрина речните таласи ги однесе низ реката поред нашиот Боне заедно со уште двајца марулчани Дојчиноски Каранфи Стојан и Кармакоски Талев Најдо ранениче од с. Маково погодени од австроќерманските оружја. Цветан војник на фронто кажа да со Боне осум Мурџески жители ги изгубиле животите од таа пуста војна.

Цветан Мурџески рече во 1916 година во марул не се роди ниту едно дете. Умрените луѓе во марул ги погребуваат жените и некој постар со нив. Сите млади беа на фронтот. Така Цветан и Јован Мурџески насолзени ги пуштија свадбарите да си е завршат работата со венчавката на Томе со Милица.

Продолжува    

Loading