ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (233) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски    

После војната во 1919 година, во Марул пиле не прелетуваше затова што немаше од што да преживее, а татко ни Велјан од Прилеп донесе магаре на рана. Во нашата куќа голема радост, глушец од беда ни глушец не поминува, а не покрупно добиче. Ние домашните направивме голема радост со магарето. Стопано на магарето на татка му рекол, храни го магарето и служи се за куќна потреба преку зимата бери си огрев со него.

Еден ден татко ни Велјан ни рече дека денес вие тројцата да го земите магарето и да појдите во осојо во Веслец да наберите суви гранки полесни од тежината за магарето и дали ќе го бидува товар да носи, да не го раниме за џабе. Петре, Аце и јас отидовме во Веслец во осојо бериме суви гранки во меѓувреме полјакот шавички вујко ни Ордан Мелезо ни рече дека ако сакате поубави дрва речете му татко ви Велјан нека ви купи сор, одете повнатре во местото Клуч има поубави дрва.

Ние радосни вујко Ордан ни дава изим за да бериме поубави дрва од Клуч. Магарето наше добиче златно го бидува вредно да носи товар, ние пресреќни, сета радост му ја кажаме на нашите родители. Наредната сабота татко од пазар од Прилеп донесе еден сор. Петре радосен утрото во неделата наредниот ден го спрема магарето со самарот и соро закачен ко чикулуите од самарот замина право по дрва за да го проба сорот, тоа беше во есента во 1919 година.

Некаде пред пладнина си дојде празен дома без сор и без магарето. Додека Петре берел дрва дошол полјакот штавички Ордан Мелезо, му рекол на Петре Бабјак оти одовде бериш дрва. Петре му одговорил вујко ти ме препорача.Му ги зел магарето и соро. Петре него му опцул мајката и му рекол, ќе видиш кој е Петре Бабјак. Во 1925 година Петре се ожени, беше поканет на гости од истиот вујко Ордан. Мајка ми и татко ми и невестата Петрејца Трајана отидоја на гости, а Петре не отиде од таа случка со дрвата.

Ордан Мелезо, вујко на Петре Бабјак мислејќи да времето е изминато и заборавено откако му ги зел магарето и сорот, па почнал булукот од козите да ги потпушта во марулскиот сињор, горе во ридот под Веслец кај Бара, Долгастена таваните итн. марулци остро реагираа и го напаѓаа полјакот Петре да Петре го штити вујко си Ордан. На тоа Петре им одговарат, јас со се булуко козите и него ќе ги дотерам, ќе ве видам вас како вие ќе се поносите тогаш.

Еден пролетен ден Петре со пушката со општинска дозвола да ја има, додека полјакот прави заседа во камењето под Бара. Ордан со козите навлегува во правцеот под неговото заштитно место. Петре активира еден истрел од пушката, козите се исплашуваат, доваѓат на брегот кај гробот. Истрчува вујкото Ордан, бара милсот од Петре. Петре го забира пред пушка козарот Ордан испукува уште еден истрел од пушката, козите исплашени се најдоја на Горно острило. Оттука заедно козите ги дотера на сред селото. Се собрале бројчано непознато марулци. Почнала негативна реакција та од таа поранешна поплака да селото Марул и Штавица како комшиски сињорски села не требаше ова да се догоди. Го ослободија Ордан без некоја оштета со опомена да си оди со козите дома. Петре му рече на присутните марулци наредниот пат кога Ордан ќе дојди со козите спремете му оргач и постела на овчарот односно козарот Ордан од Штавица.

Петре продолжи да си ја врши работата како полски чувар, полето и сињорот под негова надлежност, одговорност. Повеќемина од присутните сеирџии во разговорот дофрлија, сонцето навали за назад, треба да си ги молзиме овците , секој сам до влегувањето колективно до големото бачило.

Во с. Штавица мажите овци немолзат, таа работа е оставена на жените, рече Ванѓел Бабјак, таму е за овчар. Овчарот е како петело на буниште, врти и лажи сто кокошки со едно зрно житно штотуку ќе се соберат кокошките наоколу него тој ќе го лапни зрното. Со тоа собирот се растури. Кај Крлешката смеите завршија за празникот Ѓурѓовден.

А.Оговорни работни групи во с. Марул

1.Учител Трајчески Спасе од с. Падино, тополечко

2.Служител Новачески Јован Димитријоски

3.Одборник Јовчески Ванѓел Велјаноски

4.Протуѓер Ризоски Борис Ценоски

5.Говедар Јошески Блаже Јанкоски

6.Полјак Јошески Петре Николоски

7.Притруп Јовчески Трајко Велјаноски

Б.Членови на КПМ – КПЈ

1.Новачески Јован Димитријоски

2.Павлески Игне Јоноски

3.Петрески ванчо Мурџески

Овчари летни од Ѓурѓовден до Митровден

1.Атанасоски Благоја Танески

2.Дамјаноски Никола Дамјаноски

3.Јовчески Трајко Велјаноски

4.Мојсоски Веле Колески

5.Мојсоски Цветан Колески

6.Павлески Јованче Јоноски

7.Павлески Павле Петрески

8.Петрески Димитрија Бабјак

9.Ристески Блаже Танески

10.Ризоски Драган Бошески

11.Ристески Атанас Јанкоски

12.Ристески Најденко Мурџески

13.Тошески Љубе Јолески.

Ортаци овчари за бачилото

1.Атанасоски Благоја правеше сам бачило

2.Дамјаноски Никола со Танески Блаже

3.Јовчески Трајко со Јанкоски Атанас

4.Мојсоски Веле со Мојсоски Цветан

5.Павлески Јованче со Бошески Драган

6.Петрески Димитрија со Павлески Павле

7.Ристески Најденко со Јолески Љубе.

Ортаци преку летото до Митровден

 1.Мојсоски Веле со Мојсоски Цветан

2.Ристески Најденко со Јолески Љубе

3.Павлески Јованче со Бошески Драган

Продолжува    

Loading