ИСТОРИЈА И ТРАДИЦИЈА НА 118 ОСТРОВИ

Венеција

Венеција е преполна со атракции кои барем еднаш во животот треба да се видат. Население од близната почнало да се повлекува на малите, 118  острови со канали криејќи се од атаците на Варварите. Се создал градот со тесни улички и со убава архитектура. Првин се населил Торчело, па Лидо ди Јесоло и Маломоко. Откако сфатиле дека ќе се задржат подолго, размислувале како да изградат простор за живеење. Поставувале столбови од дрво во морето за платформи. И врз граделе куќи и палати. Морската сол придонесла да се “скаменат” столбовите и до ден денес да останат функционални.

Се смета дека зборот чао се создал токму во Венеција, во градот во кој се родил Марко Поло.

Има што да се види. Милина е прошетката низ тесните улички, а уште повеќе предзвикува восхит пловењето по каналите со гондола. Кеф е човек да се загуби низ романтичниот и убав град, кој плени со својата архитектура.

Најпосетен е лоштадот Сс. Марко. Тој е најпопуларно место, познат уште како Пјаца сен Марко. Се распослал на 90 цм. од нивото на морето. Кренат е на 100.000 столбови. Заштитен знак на плоштадот е кулата Торе дел Оролоџио со ѕвоното и базиликата Св. Марко. Таа е монумент и симбол не само во Венеција, туку на Италија. Внатрешност е исполнета со чудни примери на византиската уметност која остава без здив. Да се доживее дарбата на познатите уметници чини три евра. Бесплатно е само при миса. Плус се плаќа за посета на музејот со мозаици и за прошетката по терасата со поглед на градот. На плоштадот, е и кнежевскиот дворец, односно Дуждевата палата од 14 век. Била службено седиште на млетачката држава. Некогаш била политичко и правосудно седиште. Денес е музеј со непроценото богатство од уметнички предмети. Низ неа  се открива историјата на градот и се уживате и о уредените сали со посебен стил и фрески, уметнички дела.

Во близна е Мостот на воздишките, граден од камен од Истра. Тој е еден од 400 мостови низ Венеција. Според легендите, името го добил од воздушките на вљубените или пак од воздишките на затворениците кои робувале во ќелиите под мостот, фрлајќи последни погледи на надворешноста.

Да се доживее градот во вистинската светлина, нужна е прошетка со гондола по каналите. Најпознат канал е Големиот, на кој најчесто се одвива водниот сообраќај. Долг е 3,8 километри. Едната  и другата страна се поврзани со четири мостови. Најпознат е Риалто од 1588 година. Од спортива на плоштадот Св. Маркое црквата Св. Марија.

Привлекува внимание уникатната библиотека Алта. Таа е и книжарница. Книгите и други необични предмети се чуваат во гондоли. содржинат е илјадници книги од класиката, од италијанската литература, љубовни романи, детски книги и сувенири. И еврејскиот дел Канареџио е местото каде се создало првото гето во градот. Богат со експонати е археолошкиот музеј, музејот Навале, музејот Корер… Поради повеќевековната традиција на маскарадата, грев е да не се купи маска за сувенир.

Венеција е град историја. Полн е со маркети, продавници, ресторани… Пица или паста, изборот е ваш.

Текст и фото: Каролина Мицевска

Loading