ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (231) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Чаушот дал наредба, селото било сардисано поново, дел од аскерот бил пуштен в поле, потрага по куметите. Аскерите сретнале аргати по полето и во местото Слива, Чашица, Старо Бонче, Калуѓерица, Карулита и други места, било истепани осумнаесет бонечки аргати.

Тепачите бонечки Трајко Танески и Марко Јанески заминале комити во четите на Толе паша и Крсте Шакир. Турските власти со толкав број убиени бончани не биле задоволни, пратиле екстра тепачи од заседа по патовите како што биле Исламовци и Пордијовци од Канатларци, Џаферовци од Ерековци и др. Од нивна рака тогаш биле убиени марулците Колески Петре и Павлески Стојан како освета Петре по жената бил зет бонечки, Стојан Павлески бил зет по жената на Танески Трајко. Исто така, во тоа време биле убиени црничките пазарџии Здраве Ќосески и  неговиот сопатник, име непознато во местото Крушите во марулското.

За посигурна заштита на Танеските мажи, браќата на Јана Танеска од Бонче, Андон, Спиро и Тале фамилијарно се иселиле од Бонче во Прилеп. Тепачите Трајко Танески на бегот Чочано отишле комити во четите на Толе Паша, додека Јанески Марко во четата на Шаќир Крсте.

Една историска случка со Велкоски Трипун

Некаде во почетокот на шеесеттите години на минатиот век, Трипун падна тешко болен. Трипун беше задржана на лекување во старата прилепска болница. По сите напори на лекарите Трипун почина и со потврда на лекарите да Трипун е умрен, Трипун беше префрлен во мртвачкото одделение на умрените. Од каде им беше соопштено на неговите предпоставени да си го земат. Направени сите отписни документи, доваѓа нарачаната кола за земање на Трипун. Претпоставените лекари и неговите внуци од сино Ордан, Ило и Алексо за да го извадат умрениот Трипун. Ја отвораат вратата и Трипун жив седи, голем хаос. Трипун живееше уште многу години.

Повеќе текст и простор се има посветено за Ристески Боне Мурџески со неговата жена Аргида и неговата ќерка Ивана. За сестрата на Аргида, Чона братот Трипун и неговата жена Јана. Нејзините браќа Андон, Спиро и Тале танески од Бонче, покасно наречени Топчиовци. За убиството на полјакот Катил Шериф во Честок Чумоечко. Убиството на бегот Чочано бонечки.

Дел од материјалов е земен од книгата Жива историја за Пелагонија и Мариово. Во оваа книга се внесени сите раскажувачи за овие случки во Чумово, Бонче и Марул. Книгата е дел на историјата кој го пишува овде.

Доваѓа денот Ѓурѓовден. Тој ден е од светецот Св. Ѓорѓија кој е познат кај народот како голем заштитник на човекот против ажденот, ламјата која сака да го проголта сиот полски имот, пред се житните посеви, лозјата, овоштарниците и др. Често пати кога се аргатите надвор по полските работи С. Ѓорѓија е открија ламјата и почнува да ја гони со дожд и грмотевици за да ја убие, додека ламјаат за да си го спаси животот се преправа во разно суштетство невидливо за човекот.

Затова аргатите кои работат надвор во полето ако почни да грми и врни, тоа е знак да Св. Ѓорѓија ја гони, брка ламјата, аргатите ги затвораат устинките на бардињата и стомните за да не се сокрија внатре ламјата – ажденот. Исто така, металните работи,алати ги отстрануваат подалеку од нив за да не падни некое парче од оружјето грмотевицата на металните алатки како косата, српот, мотиката, лопатата и др. алати можно е да предизвика електрично струење за да не настрада некој од присутните аргати, луѓето. Исто така, нашите постари даваа совети лебот препечен не се фрла, него се јади во случај кога има грмотевица при бегањето на ламјата ја собирала храната и од стомакот од желудникот на луѓето останувала смо храната во стомакот од изгорениот леб.

Една, таков ажден, ламја имало во мариовската планина Ниџе, кога ќе огладнела доваѓала во пелагониската рамнина, полиња, ќе се заситела со разноврсни јадења и поново се враќала назад во планината Ниџе на спиење. Таа напаѓала и по стоката.

Нејзината лакомост и ненаситливост е пренесена и кај човекот како прекар за некого ќе речат ене го, лаком е како ламја.

Во марулската црква Рождество на Богородица има на ѕидот како Св. Ѓорѓија ја гони ламјата. Таа му се враќа и со опашката му ги врзува задните нозе на коњот, а додека Св. Ѓорѓија ја вади сабјата од ножницата и ја набодува сабјата во устата и така ламјата е убиена.

Исто така, денот Св. Ѓорѓија кај народот игра голема улога кај луѓето. Пазарењето на аргати, момци, овчари, говедари, полјаци, притрупи. Од Ѓурѓовден до Митровден и обратно.

Овчарите се сорточуват да бидат ортаци до завршувањето на големото бачило или пак до денот Митровден. Денот пред Ѓурѓовден во попладневните саати се собираат од по маалото во селото во групи од девојчиња и помлади жени со мотики в раце одат во полето и корнат капини двоглавни со два корење, ги корнат млечка, вратика и бос со зелена трева и земја на бастот ги наружуват сите влезни врати со овие наведени цвекиќа од пониска класа. Истоо така, има бележување на вратите со црна боја знакот крст во случај од некаква си маѓија како заштитни работи.

Ако некој сака да прави некој злоделен пакост со маѓија ќе биди пречекан со овие цвеќиња и треви и неговата намера не можид а се пробие од овие украсени работи поради од далеку се забележливи. Маѓијата ќе биди неуспешна.

Исто така, сите членови од куќата штотуку ќе станат од спиење каснуваат на гладно едно залаче како нафора за да не бидат разбиени, преварени од птиците во пеење. Поготово од кукавицата која се смета за несреќна птица. Тоа значи погледот на маѓесничарот прво ќе биди вперен во цвеќињата и бнастот пред вратата, маѓијата ќе биди неуспешна. Додека бастот со тревата перд вратите е хранлив и зелен додека има влага и тревата е зелена со времето тревата на него без влага, вода се исушува.

Ѓурѓовден денот игра голема улога кај народот за разни работи како со величенствено прославување во повеќе села и како селска слава. Многу храмови, манастири и цркви го носат неговото име. Овој ѓурѓовденски ден – празник е доста поштуван и кај нехристијанските народи поготово кај ромскиот народ, националност. Нивната изрека е после Ѓурѓовден нема зима. Во чест на денот прават богати гозби од разни приготвени јадењаи до печени во градските фурни и цели јагниња.

Уште о дпорано недела пред Ѓурѓовден помалите деца од по маалата врзуваат ортоми за крлање на погодни места на дрвјата како сливи и други дрвја во дворовите прават крлешки, се крлаат. Додека главната крлешка е во Средна река наречено местото Крлешката каде се спојуваат реките Капинешка и Оревска односно Горничка. И по таа улога местото го добило имнето Крлешкот одредено за таа работа од памти векови.

Продолжува

Loading