НЕМА ХОЛЕСТЕРОЛ ОД ЈАЈЦА

Јајцата се незаменлив извор на протеини. Содржат и витамини и минерали. Достапни се целата година. Ем се корисни, ем се вкусни, плус лесно се приготвуваат. Се конузираат како јајца на око или варени и се совршена балансирана храна и здрава диета.

Богати се со холин и се важен извор на протеини. Белката е составена од околу 85-90 отсто вода, 10-12 проценти белковини и под еден отсто јаглехидрати, масти и минерали. Мастите во белката се полинезаситени и не се штетни. Во белката нема холестерол. Половината од составот на жолчката е вода. Третина се мастите, а белковините во неа се 15-16 отсто. Во жолчката се содржат и витамините А, Д и Е. За разлика од белката, во жолчката од јајцето има холестерол. Околу 2 отсто од жолчката е холестерол. Тој не е толку опасен како што се сметаше некогаш. Консумирањето на едно јајце дневно не го зголемува ризикот од срцеви заболувања.

Холинот во јајцата го развива мозокот и неговото функционирање. Важен е за бремените жени.

Протеините во јајцата ги создаваат и обновуваат клетките во организмот. Учествуваат во градбата на мускулите, органите, кожата, косата, антителата и хормоните. Јајцата се вбројуваат во малкуте храни што содржат девет аминокиселини кои го снабдуваат колку 80-100 гр. месо. Жолчката содржи лутеин и зеаксантин. Двата антиоксиданси го подобруваат здравјето на очите и ги заштитуваат од ултравиолетовите зраци. Витаминот А во жолчката, количински е многупати поголем во лето, отколку во зима.

Јајцата се совршена храна за балансирана и здрава диета. Едно јајце содржи околу 70-80 калории. Без проблеми може да биде дел од диетата. Луѓето со вишок на килограми можат да ослабат побрзо ако практикуваат појадок со јајца. Затоа тие се причина за губењето на тежина.

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ

Мајката кокошка го превртува јајцето околу 50 пати дневно да не се залепи жолчката за лушпата. Просечната кокошка несе околу 300 јајца годишн, почнувајќи од возраст од 19 недели. Продуктивна е 12 месеци. Како што старее кокошката, произведува поголеми јајца. Јајцата со бела лушпа се производ на кокошки на кои долниот месест дел од увото им е бел и имаат бели пердуви. Кокошките на кои овие два дела од телото им се црвени, несат јајца со кафеава лушпа.  Бојата не е поврзана со квалитетот или вкусот. Нема разлика во хранителните состојки на јајцата со различна боја на лушпата.

Најголемото јајце во светот имало 5 жолчки. Често се несат јајца со 2 жолчки. Тие се резултат на брза овулација. Продукција е на млади кокошки. Да останат свежи јајцата се чуваат во картон. Пресно или бајато јајце се препознава ако внимателно се пуштат во сад со млака вода. Свежото веднаш ќе пропадне на дното, а не свежото плови на површината на водата.

Loading