ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (227) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Со преселувањето на муслиманското население од нашите краеви во Турција од Ерековци, Канатларци, Мусинци и Будаково од половината на педесетите до половината на шеесетите години во с. Канатларци во денот четврток во с. Канатларци се отвори пазар за ситна стока. Стоката се поништи, испродаде, сточните пазаришта во Канатларци и Прилеп се затворија, со тоа заврши нашата сила во нашето поднебје, спас во Европа, Австралија, Америка. Саботата пред денот Цветници се вика Лазарова сабота. На тој ден умрел големиот верен пријател на Исус Христос. Во неговата чест се пејат песни наречени лазареви или лазаричини песни. Нив ги пеат пејачки наречени Лазарки кои шетаат од куќа во куќа во селата и ги пејат песните со платен акт пари, јајца, сирење и др.

Овие пејачки се повеќето од ромската националност или доваѓат дури од јужните краеви, од Србија.

Денот во неделата после умирањето на Лазар, Исус Христос влегува во Ерусалим кој бил пречекан од народот омилено со многу разни букет цвеќиња. Покрај другото, Исус Христос прашал за својот пријател Лазар, со кого сака да се сретне. Мештаните на Исус му раскажале да Лазар повеќе не е жив, вчера е погребан.

Исус со свои пријатели отишле кај гробот на Лазар, Исус му тропнал на камењето и му викнал, стани пријателе Лазаре, те вика твојот пријател Исус. Лазар на повикот од Исус се протегнал и рекол да се успал. Од тоа негово будење од страна на Исус народот очевидно поверувал во Исусовата божја сила со будењето на Лазар како да процветил во нов живот и фрлањето цвекиќа на Исус при посетата на Ерусалим денот недела го нарекол Цветници.

Денот Лазарева сабота и Цветници во денот недела пред Велигден е застапен со иста важност во македонската православна црква. Македонските православни верници на овој ден одат црква со кошница примесени работи, си палат свеќи во црквата за здравје на живите, исто така палат свеќи за упокоените со раздавање задушница за упокоените. Откако ќе се врата од црква припремаат богато посно јадење за ручек. Риби пржени,риби наб ел ориз печени во тепсија, аможи риби со ориз и праз приготвени исто така во тепсија.

Празникот Велигден за водителот на човековите правила Исус Христос е од голема трагедија, жалост и јадост. Во негова чест за страдањето на Богот Исус Христос нашите христијани Македонците издржуваат пост од седум недели.

Младината, девојчињата, ергенчињата, па и сиот христијански православни Македонци за денот Велигден се припремаат да го пречекат денот со најубава носија, јадење, пиење и голема веселба.

Кога се појави новата мода на женска носија пред една година наречена терзијска женска носија во битолското поле и нашите краеви дојде и во нашето село Марул. За денот Велигден во 1958 година марулските девојки престана но не тотално, со намалено темпо да везат своерачно домашни кошули и друга носија, се определија за новата мода наречена терзиска носија.

Терзичките кошули беа слични како домашно везаните наместо везани со игла и конец беа заменети со кадифени и по боја црни аловни. Долу на работ од кошулата, наоколу на работ од кошулата беа украсени со многу бројни сирки, мониста и пулејки исто така страните на боевите беа со украси, сирки, мониста и разани пулејки, рабовите на кошулата беа украсени со сирки, мониста и пулејки. Ракавите на кошулата беа во должина до лактите потесни во димензија, рабовите на кошулата исто така беа укарсени со сирки, мониста и пулејки. Од лактата надолу имаше свилени ракавчиња на долниот крај затегнати со ластико и украсени со сирки, пулејки и мониста. Грлките на градите беа претежно кадифени.

На кошулите од половината нагоре имаше додатно алиште, претежно црно волнено без ракави викано вермеле или кусале украсено по рабовите со црн гајтан и со сирки, мониста и пулејки повеќето има џепче од левата надворешна страна внатре стоеа огледалото, чешело и шамичето, марамчето ако лицето е ораџица.

Обувката беше од плетени црни волнени чорапи до под колена со врвци на горниот крај, чорапите беа украсени со неколку различни шарки, над чорапите волнени има екстра куси индустриски чорапчиња различни во боја. Сите, има чевли црни со ниски топуци за полесно движење при одење и играње на орото. Исто така, имаше подолги терзиски ќурди во случај на жалост.

На денот Велигден покрај другото со новат аносија се појавија повеќе девојки дотерани со чкепина на главите со црни шамии, косите собрани прикопчани со кикина кој беа украсени со темно црвени камчиња купувани од прилепкиот дуќан на Васил слепиот. Повеќето од девојките со новата носија имаа обезбедено накити, сатчиња позлатени, обетки разни, ѓердани за на вратот и други работи за нивната носија.

Кога ќе се фатеја девојките сите со новата носија на орото беше голема личотија н аорото. Штотуку некоја од посочените девојќи ќе поведеше оро сите нејзини роднини и комшии беа приклучени на нејзиното оро.

Девојките кои го пречекаа Велигден со нова носија во 1958 година се следните:

1.Атанасоска Трајанова Ѓурѓа Танеска 23 годишна чкепосана;

2.Атанасоска Неданова Милица Танеска, 21 годишна чкепосана;

3.Анѓелеска Илијева Илина Најдоска, 20 годишна чкепосана;

4.Јанкоска Крстева Најденка, 21 годишна нечкепосана;

5.Јанкоска Ладева Бојана, 17 годишна не е  чкепосана;

6.Мојсоска Велева Трајана Колеска, 21 годишна не е чкепосана;

7.Мојсоска Ќирева Дуна Колеска, 18 годишна чкепосана;

8.Василоска Миланова Лоринка, 18 годишна не е чкепосана;

9.Дамјаноска Ристева Слободанка, 21 годишна чкепосана;

10.Павлеска Игнева верка, 17 годишна чкепосана;

11.Павлеска Јованчева Горица, 19 годишна чкепосана;

12.Павлеска Јованчева Спасија, 19 годишна чкепосана;

13.Петерска Цветанова Алтана Мурџеска, 22 годишна чкепосана

14.Петреска Петрева Зора Бабјакоска, 23 годишна чкепосана;

15.Ризоска Боризова Рада Ценоска Бошеска, 18 годишна чкепосана;

16.Ристеска Блажева Стева Танеска, 21 годишна нечкепосана;

17.Ристеска Танева Горица Танеска, 21 годишна нечкепосана;

Имаше десет девојчиња од над 16 години постари кои не излегоја на велигденските денови со новата трезиска носија. Прижина беше во тоа што тие девојчиња почнале порано да везат дома своерачно кошули. Тоа беа следните девојчиња:

1.Атанасока Неданова Драгица Танеска, 19 годишна;

2.Атанасоска Неданова Нада Танеска, 16 годишна;

3.Велјаноска Орданова Милица Танеска, 18 годишна;

4.Дамјаноска Ристева Славка Дамјаноска, 16 годишна;

5.Јовческа Ванѓелова Петра Велјаноска, 18 годишна;

6.Новаческа Јованова Славка Димитријоска, 18 годишна;

7.Павлеска Јованчева Менка Павлеска, 16 годишна;

8.Ристеска Блажева Коца Танеска, 17 годишба;

9.Ристеска Танева Алтана Танеска, 16 годишна;

10.Јованоска Цветанова Арса Крушкоска, 17 годишна никогаш не носила или припремала селска носија. Уште од Колективот со мајка е Василка сеноселе во градска носија поради татко е Цветан Крушка беше претседател на Колективите во селото Дабјани и Марул, па неговата фамилија обавезно законски да се носи во градска носија.  

Продолжува

Loading