ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (226) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски    

Утрото на денот Благоец сите стануваат порано од спиење, уште сонливи каснуваат на гладно едно залаче за да не бидат разбиени, преварени од песните на ливовите односно птиците доселеници поготово од кукавицата која луѓето ја замислуваат за несреќна птица која прва доаѓа и прва се враќа од нашите краеви.

Во сиот поглед хоризонтално и вертикално ќе види природно красата убавина, чаирите разелени, се гледаат разни видови животинки кои си ги тераат своите дарбосани работи од Бога. Објагнетите овци сеуште пасат во посеаните есенски жита, нивните мали јагниња блеат по мајките, трлата развеселени со нова младост, со јаниња.

Гојдарот и тој е весел ако се отели некоја крава од страна на домаќините со првото отерување на кравата во гојдата после отелувањето,  гојдаро со благослов традиционално добива месена погача печена во црепна со понуди сирење. Храната за Велици пости е поразлична од зимната храна. Зимната храна е покалорична додека пролетната храна е вегетарна, разно растителна харна од зеленчук, коприви, зелје, штаве, нов кромид и лук, се прават зелници од растителната храна законски за Велици пости, за Мученици, Благоец, Цветници и во неделите да се јади рибино месо приготвено на поразлични начини. Ова Велици постова храна се одржува до Велика сабота пред големиот празник Велигден.

Селските орачи од нашите краеви штотуку ќе ги изораат ланскитет стрниќта викано пролетно дигање на нивите, одат во градо Прилеп, таму ги ораат градските нивје за тутун од ланските тутуње. Некој имат повеќе ѕевгари, запрежни добици останува во прилепските нивје и за второто орање, мешање на нивата пред садење тутуно. Често пати орачите се договараат со стопанот на нивата ако орачот е сам, стопано ќе донеси јадење и трошокот за јадењето го прерачунуваат во орањето.

Многу орачи се здружуваат ортачки, се фузираат за нивно олеснење при орањето. Еден ќе ги паси воловите после орање, другиот ќе пазари нивје за орање. Заработката ќе ја делат наполу. Многу орачи од битолските села натоварени на колите сено и плуговите преку Добрушево, Канатларци и преку Ушите марулски одеја за орање во Прилеп. Како што кажуваа нашите постари марулци орачи по прилепските нивје, поле на ден било видувано по неколку стотини ѕевгари биволи и коњи кои орат во прилепското поле за тутун. Ова временска сезона луѓето ја нарекува американска печалба во Прилеп.

Од расформирањето на колективите така наречени работни селски задруги РСЗ во месецот април во 1953 година, па до намножувањето на машините за орање односно тракторите за орање после 1960-те години секоја пролет се ораше со запрежни добици, волови, биволи и коњи во прилепското поле при садење на тутун.

Не беше Прилеп посетуван од селските орачи во пролетното време при дигање на нивјето и припремање на истите за тутун садење. Ние овде ќе забележиме колку е во можност за посетатата на Прилеп од јужниот влез на градот од населените селски населби поближни подалечни населби за време на пазарните денови срдеа, петок и сабота.

Додека спомнетите краеви со нивните жители во селата беа комплетни битолско мариовскиот дел јужните битолско пелагонски краеви стално имаше народ во движење во двата правци за Прилеп и обратно. Ден пред пазарот мариовските пазарџии натоварени со разна продажна стока натоварена на коњи, магариња и мазги ќе носат волна, сирење, тоти бичени штици на гатар, тел боцликав остаток од Првата светска војна и разни други метални работи одат на ановите за преноќевање, ја продаваат донесената роба, си пазарат и си тргнува во групи назад за дома.

Денот петок во Прилеп е Пазар за ситна стока за овци и кози порано поништени со закон од некогашните државни власти. Додека за крупна стока говеда, биволи, коњи, мазги и магариња во денот сабота. Продажбата на разновидната стока се продаваше од пролет до есен.

Продавачите на стока поготово од подалечните населби од мариовските села тргнуваат еден ден пред пазарниот ден. Ќе преноќеваат кај свои роднини или верни познајници наречени Свети Јовани или побратими во селото Мојно, Подмол, Лопатица, Марул, Мало Рувци и Старо Лагово за утрото на пазарниот ден да стигнат на пазариштето во Прилеп.

За подалечните мариовски села кои се навоѓат под пожножјето на планината Кајмакчалан му треба една ноќ преноќевање вон своите домови пак затова си имат пријатели во спомнатите села. Дали е продале стоката или направиле обичен Пазар тоа со преноќевање мора да го сторат, учинат.

Полските пазарџи за Прилеп претежно доваѓа во сабота натоварени нивните запрежни коњски коли со коци од трска со шамакни рогузини односно постели со шамакни зимбили за пазарењеи ред други работи трскени или шамакни. Нив му беше полесно имаа запрежни коњски коли и чези, патот беше попрооден.

Битолско пелегонискиот пат и битолско мариовскиот пат се спојуват на превојот во местото Ушите марулски. Од ова место надолу преку Штавички ливади, Метилавка према местотоБунарчето, Шопур, Старо лагово за Прилеп се собира толку пазарџии со стока изгледаше прст и плева како да се оди на теќе верски објект. Во сета згустеност на пазарџиите, пазарџиите се препознава по нивната носија.

Мариовските пазарџии претежно беа облечени во волнени носии, пантолони, палто и џамадани седови волани алишта со лесни ѓонени опинци за полесно од долгото патување опинците викани ќосели.

Исто така и мариовските жени пазарџици носеа обувки лесни опинци ѓонови ќосели со накитени кошуви и саи со кафени или црвени ресина крајот на рабовите.

Пелагониската носија беше наименично према временските услови индустриско лесна штофена или волнена носија со ѓонени чевли. Додека повеќето од битолскиот крај скоро сите ноесеа една екстра носија слична во крајот како индусстриските работни мантили како заштита на долната облека. Разликата беше во тоа што оваа приватна носија беше од седава волна не валана.

Додека кај Муслиманите носијата беше од индустриско производство со капи без пориче во разни бои завиткани со чалми на главата и подолги појаси со разновидна боја. Во летно време тие вјава на магарето опчекорено и претежно боси со сено во дисаѓите на магарето. Од нивниот женски пол тешко се видуваше на пазар. Во случај ако има нивна жена да оди во градот Прилеп тера запрежна кола покриена со шамак рогузина колата.

Христијанските пазарџии со магариња качени вјавајќи на магариња седнати еднострано на самара со пробесени нозето претежно свртени на источната страна од поднебјето. Ние како деца повеќе пати преку летнот време ќе ги пасиме воловите и ќе ги гледаме пазарџите кога ќе си идеја од пазар и правеја разделба кај Ушите на битолско и мариовско пазарџи многу народ беше од секаков вид на пазарџи од со магариња, со коњи и запрежни возила меѓу нив се забележува и по некој велосипед.       

Продолжува

Loading