ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (225) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Легендата за месецот март

Некогаш во минатото време месецот март имал дваесет и осум дена. За време на неговото владеење времето било лошо, нестабилно. Додека некоја си стара баба си имала една коза. Кога дошол последниот ден од месецот март бабата се израдувала дека го преживеала месецот март и рекла на козата, цикш козо на планина да јадиш трева зелена на баба Марта и прднаме на брадата.

Бабината изрека Марта ја слушнала, се налутила и му рекла на месецот Април, брате дај ми три дена. Април на Марта и позајмил три дена, Марта ги употребила за злосторство за тие три дена фатило големо невреме со снег и мраз во кое замрзнале бабата и козата. Баба Марта му ги враќала трите дена на Април, тој не ги зел назад, поради Марта ги злоупотребила тие денови. Тие три последни денови народот ги нарекол бабите и му дал нивно обележување, традиција од населената населба. Какви ќе бидат тие три денови, такви се бабите по карактер. Најстарата баба го има првиот ден. Втората баба го има вториот ден, третата баба третиот ден. Застова кај народот е позната Марта со девет ума. После Прочка доваѓа верскиот празник Маченици 40 битолски младенци. Овој верски празник е во времето на велиципости претежно во март. И е посетен од повеќе верници во црквата каде верниците носат и припремана задушница за упокоените. Како природен закон на денот Маченици се започнуваат ливадите за косење ново сено.

Исто така, према кажувањето на постарите, дотогашните јата на еребиците се делат во парови за оснивање свои јата фамилии преку правење свои седелки – гнезда , несење јајца и квачење мали пилиња, еребичиња. Со овие работи е знак да во нашите краеви пролетта е присутна.

После Прочка поважен верски празник 40-те битолски маченици и кај народот познати мученици кој припаѓа претежно во март месецот. После денот Прочка на овој верски празник повеќе верници од нашето село одат црква со примесено за задушница за упокоените со раздавање за нив.

Према раскажувањето на нашите постари дедовци према нивната прогноза почнува делбата на еребичките јата во брачни парови по две, женско и машко за правење свое гнездо, несење јајца во него, квачење мали пилиња еребичиња и оснивање свое јато.

Во тоа мартовско време во 1958 година се пренесе радосна вест за две родени деца во Марул. Домазицата Јанкоска – Богданоска Најденка се породи со машко дете регистрирано во матичната служба на родените на презимето по татко му Димоски Драганов Мирко. Но, пред самото крштевање на малиот Мирко, се разболе и за кратко време Мирко почина. Во истото мартовско време се прошири нова радосна вест да Петерска Митрејца Блага Бабјакоска се породи со прво дете од нејзиното невестинско време. Детето е машко. Нунката името му го даде Диме кое порасте големо момче. Исто така, на Мученици се завршија две важни работи кои му беа важни работи за Марул говедар и полјак подарок за во с. Марул за 1958 до Митровден.

1.Јошески Петре Николоски галабаро ја презеде одговорноста за полјак, падар чувар на полето во с. Марул.

2.Јошески Блаже домазето Јанкоски Илијоски откако се делија со очувот Илијоски Јанкоски Петре во зимата пред месец дена Блаже се отргна од земјоделието, остана без земја. За да ја дополни земјоделската работа постана говедар во Марул до денот Митровден, 6 ноември 1958г.

Веќе на прагот е вториот поголем верски празник велици пости, тоа е Благоец, Благовештение од аберот на анѓелот за радости Гаврил кој објавил да марија е начната, несама со идниот Бог кој ќе се роди, кој ќе биди спасителот на народот наречен Исус Христос.

На денот Благоец Благовештение се оди црква со примесени работи в кошница и се раздава задушница за упокоените. На овој ден се прави првиот подстрик на овци, потстрижени опашката, стомако и под вратот. Исто така, на Благоец се бележуваат малите јагниња со ножиците, крклиците за стрижење на овците во знак на домашната традиција кој го имаат домаќините пред орезот, зад орезот тоа значи белег однапред или одпозади на увото, рамно или замба со дупка н аувото или само в косина на увото. Деловите од одсечените парчиња од ушите на јагнињата се пуштаат во изворска вода со благослов, како што не секнува изворот на водата, така да не секни трлото со овци.

Продолжува     

Loading