ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (219) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Деновите од месец јануари си заминуваат, народот сеуште не ги заборава лошите настани на Божик во с. Мојно и на Василица во с. Марул. Свештеникот ден пред празникот крштава вода, мислам на Нејадка – Теона за Богојавление, машки Водици, во продолжение Св. Јован Крстител или женски Водици. Водата од Божик до Водици не е крстена и се вика леунка. Секое утро еден од куќните луѓе наутро оди рано, донесува вода за миење лице, раце и за пиење. На денот Богојавление утрото со рано одат на река, палат оган таму и се мијат уште мечката пред да стани за да си го мие задникот. Ние како деца голема радост правеме поради се измиме лице уште пред да стани Баба Меца за да си го мие задникот.

Утрото се фрлат на прагот од куќата со три пати лајца преку рамо крстена вода, ако лајцата падни со грбавата страна се поновува после тоа тие кои планираат да одат црква заминуваат со кошница полна за задушница. Ако е предвидена литургија причесна да има тие кои мислат за да се причестат остануваат во црквата за да се причестат. Тие кои планираат да не се причестуваат седат во тремот на трпезаријата и чекаат да заврши причесната.

Штотуку се завршува со причесната оние домаќинства или фамилии одат на посета кај гробовите ги завршуваат сите работи за упокоените се враќаат во трпезаријата, раздаваат за задушница. Свештеникот секако е тука присутен, остатокот од причесната виното го допива на гладно и тој е понуден со задушница. По завршувањето на сите работи во трпезаријата верниците си одат за дома и свештеникот заедно со домаќинот каде што е на конакот таму ќе руча и си заминува за дома. Верниците, цркварите си идат дома со зелени гранчиња ги фрлаат во печката со благослов и плодно бериќетно во полето, здравје на сите во куќата за машки дечиња и женски јагниња, забележано е заборават да речат женски дечиња и машки јагниња, тоа е голема грешка во благословот. Ниту машките дечиња, ниту женските јагниња не можат да виреат без партнерство на женски и машки пол. После доручекот како и секогаш порано народот почна да оди на средселото за музичка забава и за сеирџите. Алексо Бабјак веќе дава знак гајдинска да е прв отиден на сред селото при топлото јануарско сонце.

На сред селото се имаше собрано прилично доста народ некако нерасположени од тоа кое се случи на Василица кај Богдановци. Сепак ноќта неусреќени беа Николоска Петрева Божна раненичка родена од татко Петрески Недан Бабјако од с. Подмол Бабјакоски деленица. Мајка Попоска Крстева Донка од с. Лопатица, прилепско. Од мајка Крстевица Попоска име непознато штавичанка од Мелезовци.

Павлеска Миркојца Нада ќерка на Секула и Ристана Колески од с. Бонче. Секулица Ристана му е ќерка на Ордан Мелезо од с. Штавица.

Петреска Велјаница Јованка Бабјакоска од Марул му е сестра на Ордан Мелезо од с. Штавица. Затоа старите велат родата кружи како водата затоа треба да се поштува родата за да не биди касно.

За вториот ден за Водици наречени женски Водици времето беше поснежно како порачано за полугодишниот распуст за учениците натпревар и забава правеа на трите најубави слизгалишта во Марул од кај Ладевци до трлото Најдоско, од кај трлото Јоноско Курелоско долу до браздата позади Ќиро Котески и третото слизгалиште од кај белутразите над Крушковци надолу спроти трлото од Милан Василоски. Гладни, жедни и уморни или студ, умор и влажност нема во играта додека трае во касната вечер.

На сред селото за големо чудо имаше дојдено многу гости од надворешниот свет марулски роднини. Случајов со гостите беше протумачен со настанот на Василица кај Богдановци. Дојдените гости сакаат со свои очи да ги проверат своите роднини да не нешо ги задира настанот на Василица, денот Водици е првата прилика за од тој настан. Поред присуството на сред селото самиот марулски народ беше повесел и порасположен од првиот ден на машки Водици. Цел ден гајдата од Алексо Бабјак не прекина кој имаше и замена од групи гајдаџии како Јованче Павлески, Ванѓел Бабјако, Димитрија Бабјако и Благоја Велјаноски сред селото се растури неколку остени пред сонцето да зајди. Поради овците се јагнат многу имаа пократок престој на средселото.

Немаше забелешка некоја, напнатост меѓу луѓето. Многу топла ракија и грниња се испија тој ден на средселото. Така да вториот ден на Водици заврши мирно и спокојно. На денот Свети Атанас Велики зимен цркварите раскажаа да Јанкоска Ристејца Петра шеесет иосум годишна, да била тешко болна. Не помина ни половина месец од нејзиното сознавање да е болесна, Јанкоска Ристејца почина во половината на месец сечко февруари. Некој рекоа да на годината Петра е повика нејзиниот татко Танески Атанасов Стојче, 89 годишен.

Народот си отвора теми за нејзината умирачка потресен аод животот. На малди години се омажила тука во Марул во 1905 година за Јованоски Ѓорчев Анѓеле. Родиле две деца, Мара и Димитрија на самиот прв ден Велигден во 1917 година. Анѓеле загинува како бугарски војник на фронтот во местото Добро Поле во Мариово. Неговата жена Петра останува вдовица со две деца.

После Првата светска војна Анѓелејца се премажува тука во комшиите Јанковци за Ристе, останат вдовец од војната без Спасија Сиџимоска, подмолка со две деца Велика и Ладе. Како што кажува братот на Ристе, Ладе сираче од Ристе во една нивна прилика уштед а се премажи Анѓелејца за Ристе Јанкоски Крсте Ладе и Ванѓел Велјаноски спомнативе деца си играле во некоја џунгла во тревата наречена блостер во непосредна близина триве деца скриени во блостеро и викале прво Крсте рекол Анѓелејце да дојдиш за бате, по него Ладе срино Анѓелејце да дојдиш за тате, по нив викал и Ванѓел, Анѓелејце да дојдиш за стрико Ристе да ги донесиш Мара и Димитрија. Застанала Анѓелејца, се насмеала, Крсте и ладе бара куќна домаќинка ами ти Ванѓел зошто ме бараш, знаш кога дојдов за Анѓеле кај Јоновци татко ти Ристе ми беше мало деверче, да не барате поново дар не стринна, татко ми Ристе и стрико Ристе Јанкоски како деца се родени една недела и биле неразделни другари и одговорил Ванѓел.

Навистина нивната желба се исполнила, Анѓелејца Петра се премажила за Ристе Јанкоски, таа дошла кај јанковци без нејзините деца Мара и Димитрија поради нивниот дедо Ѓорче, татко на Анѓеле ги задржал децата при него кај Јоновци.

Сепак децата Мара и Димитрија скоро секој ден биле присутни кај Јанковци. Петра Анѓелејца сега Ристејца често пати во смеа велела, море ако не беа поштените сводници – стројници Крсте, Ладе и Ванѓел немаше овде да дојдам. Атер за нив, се поштени стројници.

Со вториот брак Ристејца родија четири деца. Дончо во 1920, Алтана во 1923, Китан во 1925, Цветко – Цане во 1930 година. Ристе за политичка идеја од 1923 до 1925 се навоѓа затвор во Пожаревац. Алтана во 1923 е родена без татково присуство.

Loading