СДСМ: ЈОВЧЕСКИ ТРОШИ 450.000 ЕВРА ЗА НОВИ ПРИВРЕМЕНИ ВРАБОТУВАЊА НА ПАРТИСКИ ВОЈНИЦИ

Неодговорно и недомаќинско работи локалната власт на ДПМНЕ и градоначалникот Борче Јовчески сметаат од СДСМ. Според нив, предложениот ребаланс на буџетот ги разобличува нивните лаги за односот на централната кон локалната власт.

– Со ребалансот, дотациите од Владата кон Општината се зголемени за повеќе од 48 милиони денари, или за близу 800.000 евра. Наспроти тоа, буџетските приходи на основниот буџет се намалени за 8.5 милиони денари. Јовчески треба да признае дека се што се прави во училиштата се владини блок дотации, кои за основните училишта се повисоки за 500.000, а за средните училишта за 200.000 евра. Наместо за граѓаните, Јовчески од општинскиот буџет трошат 450.000 евра за нови привремени вработувања на партиски војници, роднини и пријатели. Се кратат парите и за трипати најавената ,,градежна офанзива”. Прилепчани реагираат за уличното осветлување дека градот е потонат во темнина, а плаќаат за осветлување. Градоначалникот дополнително ги намали средствата за јавно осветлување за осумпати, од 3.1 милион, на 400 илјади денари. Тој го крши законите за подготовка на Предлог планот на развојните програми. Имено, програмите се доставуваат до Советот најдоцна до 20 октомври. Рокот е пробиен за повеќе од 20 дена, а нема нови проекти. ДПМНЕ и градоначалникот Јовчески три години ги доставуваат до Советот истите развојни програми кои никако да ја догледаат светлината на денот. Такви се легендарната катна гаража ветена во 2022 и во 2023г. и сега повторно за 2024 година – реагираа од опозициската СДСМ.

Loading