ТЕСТ ВО ОХРИД

Победа

Серијата пријателски, подготвителни мечеви на прволигашот Победа продолжува в сабота, на гости кај Охрид. Тоа е можност за дотерување на формата со ривалот, кој есеноска го освои високото 6. место меѓу 16 тима во силната Втора лига на Македонија. В четврток е првата можност за прилепските фудбалски љубители да го видат својот омилен тим, на мегдан со охридска Воска, третопласирана во Втората лига. Закажани се и дуели со битолски Пелистер, четвртопласиран второлигаш, како и со гевгелиски Кожуф, тим на 11. место во истата лига.

Претходно, во Дојран, Победа на пријателски меѓународен меч со минимални 1:0 загуби од косовскиот прволигаш Феризај, а на премиерниот меч во Охрид со Шкупи беше 4:2 за противникот.

Шефот на Стручниот штаб Благојче Дамевски располага со познатите првотимци од есеноска, но има довчерашни младинци, како и потенцијални засилувања од земјава и од странство. Извесно е дека до крајот на преодниот рок на 11 февруари ќе биде неизвесно кои фудбалери остануваат, кои заминуваат, кои доаѓаат со потпишани договори.

Победа тренинзите најчесто ги има на теренот со вештачка трева.

Loading