ДЕСЕТИНА ДРЖАВИ ВО ПРИЛЕП

Пинг-понг

Вториот пингпонгарски Меморијален меѓународен турнир “Илија Карески – Каре” ќе биде на 11 и 12 февруари. Веќе се наѕираат учесниците. Од клубот домаќин, Младост 96,  се задоволни од огромниот интерес.

– Голем пингпонгарски настан. Очекуваме меѓу 100 и 150 натпреварувачи од 8 до 10 држави. Новина ќе биде воведувањето на категоријата ветерани – информира Златко Рикалоски, членот на клупскиот УО.

Лани беа 90 пингпонгари од пет држави. Турнирот е најголема пингпонгарска манифестација во пресрет на пролетниот дел од Супер лигата, најавен за 5 март.

Loading